Од утрово без вода две скопски улици

Делови од Скопје од утрово без вода. 

Од скопски Водовод известуваат дека денеска (понеделник) поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 мм. на улица Ордан Пиперката 28, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици „Ордан Пиперката“ и дел од „Жан Жорес“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.