Од утро до мрак априлијада на градскиот плоштад

Детскиот културен центар „Kарпош“ и Градот Скопје по повод денот на шегата 1 Април в сабота од 11 до 13 часот на плоштадот Македонија ќе ја организираат детската забава „Априлијада 2017“ под мотото „Скопје се смее“.

Овој настан е наменет за сите училишта, градинки и за сите деца во Скопје кои ќе бидат под маски. Присутните ќе се забавуваат со кловнови, балони, песнички, игри, со настапи на секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДKЦ „Kарпош“, децата од „Златно славејче“ и танцови групи од училиштата од Скопје, како и со албански детски фестивал.

Манифестацијата „Априлијада“ е финансирана од Градот, а ќе ја отвори скопскиот градоначалник Kоце Трајановски.

Исто така, на плоштадот ќе има и ноќна забава за возрасни со почеток од 20 часот на која ќе настапат познати музички имиња: Андријана Јаневска, Мартија Станојковиќ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Лаура Kрлиу, групата Brass brothers, а на сцената ќе дефилираат и маскирани посетители.