Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд.
Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 24 до 31 степен.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Утре кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса од север. Ќе започне да дува засилен северен ветер кој во наредните денови ќе услови значителен пад на температурата на воздухот.