
Од ЈСП Скопје информираат дека од утре, 1.ноември 2025 година, жичницата ќе има зимско работно време кое ќе важи до 1.март.
Жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, последното возење нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од надоле ќе биде во 16.45 часот.
И понатаму, неработни денови на жичницата ќе бидат понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.