Од утре во Германија нема веќе забрана за високоризични земји

Од 3 март Германија ја брише целата листа на високоризични епидемиолошки држави, каде досега беа 62 земји од целиот свет.

Од институтот „Роберт Кох“ известуваат дека ширењето на омикрон е сериозно, но клиничката слика на заразата е полесна, па затоа и може да си дозволат олабавување на мерките.

Како високоризични места се сметаат оние каде доминираат некои од претходните поопасни соеви на коронавирусот.