Од утре Викенд без ДДВ: Сметките треба да се скенираат за три дена

Од утре треба да почне Викендот без ДДВ и да трае во следните три дена односно на 10, 11 и 12 октомври. Сепак за да се реализира измените на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка треба да поминат во Собрание. Пратениците од власта и од опозицијата вчера дебатираа по оваа точка и разменија остри тонови за проектот. Додека власта вели дека ова е за целосен бенефит на граѓаните, од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека Викендот без ДДВ е само за тие кои имаат паметни телефони и кои скенираат сметки. Сепак ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе ги поддржи измените.

-Со овој предлог закон се врши поттикнување на продажбата на домашните производи и услуги како и зголемената дигиталиација на нашето општество. Со предложената мерка ќе се поттикне потрошувачка и раст на приходите во одредени продажни сектори а воедно ќе има и директен бенефит за граѓанте како крајни потрошувачи, рече заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски.

Сите сметки кои ќе ги соберете имате рок да ги скенирате само најдоцна три дена по издавањето.