Од утре промена на времето - на удар метеопатите

Метеорологот Славчо Попоски, најавува дека од утре следува значителна промена на времето. Од сето тоа најмногу погодени ќе бидат метеопатите.

Деновиве поголем дел од граѓаните, особено оние метеопатите или поточно оние кој имаат најмногу проблеми од временските промени кај нас може да ги слушнеме како се жалат околу тоа дека имаат главоболки како и други здравствени проблеми како што се високиот притисок или слично…

Токму овие симптоми се поради релативно неповолните временски услови кои ги имаме овие денови, односно натпросечното топло време и топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка и истата условува топло но и мачно и понекаде спарно време, особено во оние места кој се наоѓаат на затворено или пак во дупка.

Од друга страна проблеми овие денови ќе прави и промената на времето која ќе се случи од вторник и која ќе биде проследена со северен ветер, послаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на потенка снежна покривка но и пад на температурите за 5 до 10 степени, утре максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени додека во среда ќе биде значително посвежо со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени додека само на крајниот југоисток истите ќе се искачат до околу 18 степени.

Во ваква ситуација граѓаните кои имаат здравствени проблеми ги советуваме ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги почитуваат советите од своите лекари.