Од утре прекини во водоснабдувањето во две скопски населби

Од утре до петок во населеното место Драчево и дел од Долно Лисиче можни се кратки прекини на водоснабдувањето.

Од „Водовод и канализација“ информираат дека прекините се поради тоа што ќе се врши етапно чистење, дезинфекција и испирање на двете комори во резервоарот Драчево.

Прекините ќе бидат во периодот од 8 часот до завршување на активностите.