Од утре попладне локален пороен дожд, но и високи температури

Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, но и натаму со многу високи тепмператути, најавува од утре попладне УХМР.

Во среда и во четврток нестабилно ќе биде на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок и во сабота. 

Утринските темпеартури ќе бидат од 11 до 21 степен, а дневните од 27 до 37 степени. 

Најтопло ќе биде во сабота, со температура од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.