Од утре полициски час од 20 часот, детали ќе бидат објавени на прес-конференција

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре (вторник) полицискиот час да почнува од 20 часот до 05 часот.

Премиерот Заев и министерот Филипче на прес-конференција ги соопштуваат деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час, пренесува иПортал.

Филипче и Заев исто така ќе објаснат дали ќе има рестрикции и кон угостителските објекти, како што е најавено. 

Прес-конференцијата уште не е започната, до моментот кога оваа вест е објавена, иако беше најавена за 14 часот.