Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Утре ќе почне исплатата на пензиите кои од минатиот месец се зголемени за 8,4 отсто.

Пензионерите кои добиваат пензија во висина до 11.000 денари, исплатата ќе ја добијат во вторник, на 25.04.2023 година.

На банките им е препорачано за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2023 година.

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2023 година, додека за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2023 година.