Од утре пензионерите ќе ја добијат својата априлска пензија

Владата на последната одржана седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април 2022 година.

Согласно одлуката пензионерите може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од утре, 26. април. 

Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2022 година (вторник);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2022 година (среда);

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2022 година (четврток); и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2022 година (петок).