Под влијание на циклонска активнот со центар над Медитеранот, од понеделник па се до самиот крај на следната седмица во Македонија ќе има честа појава на врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи пренесува Метеоаларм.
Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во Скопје и околината во текот на следната седмица ќе има честа појава на повремен дожд, кој во делови од котлината повремено ќе биде пороен и проследен со грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност.
Температурите и покрај ова нема многу да се менуваат во однос на оние кои ги имаме сега, што значи ќе бидат пролетни, до рано - летни.