Од утре облачно и студено, за време на викендот ќе врне без престан

Во Скопје времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Од утре следува период на променливо и не многу студено време, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринските и дневните температури ќе бидата во постепен пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови ќе има од среда кон четврток.

Ново наоблачување со изгледи за поинтензивни врнежи се очекуваат за време на следниот викенд.