Од утре нова акција за собирање кабаст отпад во Аеродром

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје, поточно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, на 6.10.2017 година (петок) и 7.10.2017 година (сабота) ќе реализира акција за собирање кабаст отпад.

Акцијата на 6 октомври ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кога граѓаните кои имаат кабаст отпад, во временски интервал од 07:00 до 09:30 часот, ќе можат да го одложат пред своите домови, доколку живеат во куќа, или пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства. При тоа, треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.

Акцијата на 7 октомври, пак, ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански во истиот временски интервал од 07:00 до 09:30 часот.

Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.