Од утре бесплатен јавен превоз во Скопје

Град Скопје од утре воведува бесплатен автобуски превоз за сите граѓани поради високото аерозагадување, дознава Радио МОФ. Бесплатниот јавен превоз ќе биде обезбеден се до нормализирање на состојбата со загадениот воздух, а е дел од краткорочните мерки изгласани неодамна од Советот во услови кога ќе се надмине прагот на загадување.

Прагот на загадување е надминат на две мерни места во Скопје, во Ректорат и Лисиче каде беа измерени вредности од 200 микрограми на метар кубен во текот на два последователни дена.

Во краткорочните мерки против загадувањето на воздухот во зима во главниот град спаѓа и забраната за возила на Водно за викенди и празници и најавата за еколошко мапирање на возилата.

Во моментов мерната станица во Лисиче бележи загадување од 223 микрограми на метар кубен ПМ10 честици, додека на Ректорат е 229. Надминување на дозволените вредност за аерозагадувањето има и во останатите делови на Скопје каде с епоставени мерни станици.

new nike air max 2019