Од удобен до одважен: Единствениот моден стил на Стрелците

 

Позитивна, насмеана, полна со живот, ведра, забавна, шармантна, дрдорка, непоколеблива – тоа е жената Стрелец. Ја краси срдечност и одважност, а идентичен со карактерот и е модниот стил.

Доколку видите некоја живописна комбинација во која се спојуваат навидум неспоиви бои или материјали, големи се шансите да ја носи всушност Стрелец. Кога е во прашање модата, припадниците на овој знак сакаат да експериментираат, без разлика дали повќе преферираат класични или трендовски парчиња. Тука е посебноста на нивниот стил – тие дури и класиката ќе ја комбинираат на ефектен и неочекуван начин.

Уште на почетокот да истакнеме дека стрелците никогаш не се откажуваат од една многу важна работа, а тоа е комфорот. Не станува збор за компромис кога комфорот е во прашање и никогаш нема да им дадат преднст на парчиња кое се убави, но не се згодни за носење. Во таа ситуација подобро ќе го одберат она во што се чувствуваат добро, дури и тоа да значи дека ќе изостане саканиот впечаток.

За стрелците гардеробата, облеката не е само парче материјал, туку средство за изразување ставови и расположение. Врз основа на нивната гардероба ќе сфатите како се расположени и како се чувствуваат во одреден момент, често правејќи го избоот несвесно, инстинктивно и потсвесно посегнувајќи за такви парчиња.

Сакаат да бидат во тек со трендовите и во гардероберот да уфрлат некој новитет, но не се робови на трендовските парчиња. Сакаат само да се информирани и на време да се запознаени со моменталната мода.

Палетата на бои во нивниот гардеробер е шаренолика со нагласок на интензивни и впечатливи бои. Никој не носи „џиш“ бои како стрелците. Нивна боја е виолетовата, но овој огнен знак изгледа исто така добро и во портокалова, црвена и жолта боја.

Трендот на вклопување спортска гардероба со класична или со елегантни парчиња створен е за стрелците. Да не се изненадите ако ги видите на штикли со тренерки затоа што ваквите модни игри се створени за нив. Од друга страна, припадничките на овој знак, први ќе искомбинираат елегантен дневен фустан со патики.

Во гламурозни прилики од нив не очекувајте никаква суптилност. Со нивните гламурозни комбинации ги привлекуваат сите погледи и се во центарот на вниманието.