Од тебе зависи дали животот ќе ти биде ужасен или прекрасен

Минатата недела мојот живот стана супер. Не добив џек пот, немам тело какво што посакува, а уште сум и невработена. Во семејството имам неколку болни луѓе. Но, мојот живот е супер.

Не, не сум саркастична. Сѐ што набројав не е ни добро, ни убаво, но не е ни чудно земајќи предвид важни околности во мојот живот. Но, она што е е важно е дека речиси сѐ е променливо. Можеби и ќе имам среќа и ќе ми се падне џек пот, можам да се вработам, телото можам да го поправам, некои луѓе од моето семејство можеби ќе оздрават или барем да им биде подобро... Да, не глумам, ќе повторам пак: Мојот живот навистина е супер.

Од моментот кога одлучив дека е подобро, дека сѐ може да се промени, дека можам да бидам успешна и дека можам да спијам подобро, навистина сѐ се промени. На подобро.

Не, не си го исправ мозокот и не се самозалажувам, само ја променив перцепцијата и престанав да кукам. Ги засукам ракавите. Престанав да се јадам себеси за работи кои се навистина глупави.

Не е дека одеднаш удрив со рака по маса и реков: „Доста е, нема веќе кукање!“ – тоа е ептен филмски. На она што јас го преживував му претходеше многу размислување, читање, истражување на себеси  идругите, промислување, обидувања и многу промашувања. Полно промашувања и по некој успех, но секој успех беше вреден колку 10 промашувања и на крајот после некое време почнав да се будам со насмевка на лице.

Конечно сфатив дека во животот имам многу повеќе добри работи отколку лоши. Една од најважните работи кои ги правев изминатава година е попис на сопствените успеси и неуспеси и сто посто сум сигурна дека листата со успеси е подолга, но нам општеството нѐ учи да се фокусираме на негативното. Фокус на неуспесите кои се неколку на број и така од пред очи сосема ќе го изгубиш сето добро што си го постигнал во животот.

Отсекогаш сум знаела дека најдобро се учи од грешките. Сопствени, туѓи, неважно, но од грешките подобро учиш отколку од готов производ.

Само ја менуваш перспективата и го насочуваш фокусот на други работи и ќе најдеш многу нови решенија за навидум безизлезни ситуации. Со текот на времето ќе се доведуваш до ситуации кога сам на себе ќе посакаш да си удриш шамар, затоа што си потрошил време на жалење и кукање и си се фокусирал само на неуспехот. Всушност, кога по некое време конечно ќе сфатиш дека самиот си го закомплицирал животот, ќе сакаш да си удриш 100, а не само еден шамар. Јас во неколку наврати сакав да се нокаутирам себеси, но нема врска.

Било, па поминало, немам неограничено време, но имам неограничен број решенија за проблеми кои многу често и не се проблеми.

Добро е, листата со успеси секој ден е сѐ подолга, а онаа листа со неуспеси некако како воопшто да не се полни, затоа што и неуспесите им служат на успесите.

И животот навистина е супер.

До следниот пат, фокусирај се на доброто и верувај ми дека ќе ти биде супер.