Од Свети Никола до Дедо Мраз

По цр­ве­ни­от плашт и бе­ла­та бра­да пот­се­ту­ва на де­нес мо­дер­ни­от при­каз на Де­до Мраз. Во по­но­во време, бла­го­да­ре­ние на рек­ла­ми­те и пот­ро­шу­вач­ко­то оп­штес­тво, нај­поз­нат е ка­ко Де­до Мраз (Сан­та Клаус, скра­те­но од Сан­та Ни­ко­ла­ус – све­ти Ни­кола).

До­де­ка на пра­вос­лав­ни­те ико­ни е при­ка­жан ка­ко ви­сок чо­век во препоз­нат­лив цр­вен плашт, со епис­коп­ска мит­ра на гла­ва­та и со стап во рацете, ка­ко ги да­ру­ва де­ца­та со по­да­ро­ци од вре­ќата, пот­ро­шу­вач­ко­то оп­штес­тво тоа мал­ку го „за­чи­нило“. Црве­ни­от плашт ос­та­нал, ка­ко и дол­га­та се­да брада, но се до­да­де­ни ирва­си­те што ги вле­чат сан­ки­те со кои Де­до Мраз го оби­ко­лу­ва све­тот во те­кот на Бад­ни­ко­ва­та ве­чер.

Вер­ски­те ана­ли­ти­ча­ри пот­се­ту­ва­ат де­ка све­ти Ни­ко­ла е нај­ран све­тец и е сла­вен во це­ла Ев­ропа, без мно­гу пов­рза­ност со сов­ре­ме­ни­от Де­до Мраз, ис­так­ну­вај­ќи де­ка де­неш­ни­от Де­до Мраз е не­ре­ли­гис­ка и нех­рис­ти­јан­ска ко­пи­ја на све­ти Ни­кола, но де­ца­та се­ед­но му се ра­ду­ваат.

При­чи­на­та за не­го­ва­та по­пу­лар­ност тре­ба да се ба­ра во са­ма­та лич­ност на све­ти Ни­кола, кој це­ло­то бо­гат­ство нас­ле­де­но од ро­ди­те­ли­те го раз­де­лил на си­ро­маш­ните, ста­ри­те и на не­моќ­ните. Со ед­на бов­ча тр­гнал на пат со вер­ба во Гос­под, па се сме­та за чу­дот­во­рец. Во жел­ба да ос­та­не ано­ни­мен, па­ри­те не им ги да­вал на лу­ѓе­то в раце, ту­ку им ги ста­вал в џеб за да се из­не­на­дат ко­га ќе ги нај­дат. Ток­му по­ра­ди не­го­во­то доб­рот­вор­ство про­из­лег­ла ле­ген­да­та за Сан­та Клаус, од­нос­но за Де­до Мраз, кој во­о­чи Бо­жик би им ос­та­вал по­да­ро­ци на де­ца­та во чо­рап пред ог­ниш­тето.

Во на­род­но­то па­ме­те­ње овој лик ос­та­нал ка­ко заш­тит­ник на пат­ни­ците, по­себ­но на оние што па­ту­ва­ат по вода, но и по тоа што ка­ко за вре­ме на жи­во­тот та­ка и по смрт­та ги по­ма­гал си­ро­маш­ните, ги заш­ти­ту­вал зат­во­ре­ни­ци­те и неп­ра­вед­но осу­де­ните, ги от­ку­пу­вал ро­бо­ви­те и ги пуш­тал на сло­бода.