Од среда нов данок за увоз на стари возила, понизок за „бензинците“ отколку за дизел моторите

Владата ја донесе Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот, врз основа на критериумите утврдени во Законот за данок на моторни возила.

Од министерството за финансии информираа дека возилата ќе се даночат според еколошката категорија. Од први јануари за возила до 10.000 евра вредност износот на данок ќе се пресметува само според емисијата на јаглерод диоксид.

Според ова, пониска даночна стапка ќе плаќаат возилата со бензински мотори во споредба со оние со дизел мотори. Данокот за увезено возило кое чини 10.000 евра и емитува 130 грама јаглерод диоксид на километар, а е со бензински мотор, ќе изнесува околу 6 000 денари, а за возиало е со исти карактеристики, но со дизел мотор, данокот ќе биде двојно повисок

Со оваа уредба, се очекуваат придобивки и намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, преку обнова на возниот парк со поттикнување на купување на поеколошки возила, се наведува во информацијата од владината прес-служба.