Од состојки во кујната: Едноставна банана сплит торта

Состојки

За бисквит:

7 белки

7 лажици шеќер

2 лажици какао

10 лажици мелени ореви (лешници, лебни трошки)

3 лажици брашно

1 кесичка прашок за пециво

Фил:

7 жолчки

700 мл млеко

2 кесички пудинг од банана или ванила

4 банани

30 гр чоколадни трошки (сечкано чоколадо, може и повеќе)

250 гр маргарин

8 лажици шеќер во прав

За декорација

3 кесички шлаг пена

250 мл млеко

100 гр чоколадо

1 лажица масло

наместо шлаг може да изматите 250 мл слатка павлака

Подготовка:

За бисквит

Добро изматетете ги белките, додадете го шеќерот и малку изматете. Брашното помешајте го со какаото, ореви, прашок за пециво па додадете полека во изматените белки.

Рерната загрејте ја на 200 степени.

Голем плех обложете го со хартија за печење па истурее ја изматената смеса и печете го бисквитот.

Кога ќе се олади пресечете го на половина по должина.

За фил

Ставете 600 мл млеко на шпорет со шеќерот да зоврие.

Жолчките изматете ги па додадете го остатокот од млекото, матете и додадете го пудингот од банани.

Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од оган и полека додадете ги жолчките со пудингот цело време мешајќи.

Вратете на тивок оган и варете додека не се згусне цело време мешајќи.

Во изладениот фил додадете го изматениот маргарин и чоколадните мрвици.

На кората намачкајте половина од филот, наредете банани, па повторно премачкајте со фил, одозгора ставете кора.

Изматете го шлагот со млекото и докорирајте ја тортата, а одозгора прелијте со стопено чоколадо.