Од следната година поевтино парно

За 12 отсто ќе се намали цената за пренос на природен гас, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика. 

- На овој начин со намалувањето на цената на пренос на природен гас Регулаторната комисија за енергетика сака да испрати сигнал за сериозна гасификација на Република Македонија. Цената за дистрибуција во Струмица и Куманово останува иста, а додека цената за дистрибуција во технолошко индустриските зони во Скопје ќе се намали за три отсто“, рече Марко Бислимовски претседател нa РКЕ, пренесе Алсат.