Од следната година Гази Баба ќе доделува субвенции за велосипеди, тротинети и за вградување на уреди за гас во автомобилите

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, во просториите на општината, денеска на избраните граѓани ги додели решенијата за субвенции за купување на печки на пелети во висина од 536.600 денари, средства од општинскиот буџет.

Пред присутните истакна дека за следната година средствата во буџетот за субвенции за печки на пелети ќе се зголемат на 1.500.000 денари, додека за прв пат општина Гази Баба од следната година ќе доделува субвенции за велосипеди, тротинети, чистење на оџаци и вградување на уреди за гас на автомобили.

-Сите овие мерки и проекти се во насока на намалување на загадувањето и заштитата на животната средина, порача Стефковски.