Од скопска фирма украден сеф со 30.000 денари

Крадец провалил во канцеларија на фирма во скопската населба Аеродром и однел сеф со 30.000 денари, информираше МВР.

Според полицијата, кражбата вчера ја пријавила скопјанката Ш.Д.(43), која кога дошла на работа во канцеларијата на булевар Трета Македонска бригада забележала дека се ограбени.

Според неа, кражбата се случила меѓу 15 часот на 31.12.2018 година до 7.30 часот вчера. Крадецот провалил во канцеларијата од каде зел две метални каси во кои имало околу 3.000 денари и документација, како и метален сеф во кој имало околу 30.000 денари и документација од фирмата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.