Од синоќа се чисти и депонијата Вардариште

Од синоќа се чисти и депонијата Вардариште. Ова го сподели градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски кој заедно со градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески вчеравечер излегоа на терен. 

- На депонијата Вардариште бројна механизација врши чистење и транспортирање на отпадот на Дрисла. Од првиот ден, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски започна и со активности за чистење на Вардариште! Се што ветено ќе се реализира. Народот го заслужува тоа! - порача Стефковски на својот фејсбук профил. 

- Наскоро започнува и процесот на одгасување на метанот. Досегашното место на срамот, ќе стане гордост - нова зелена оаза за сите скопјани, најави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.