Од што треба да се откаже секој хороскопски знак до крајот на 2020 година?

Овен

Морате да се ослободите од лутината и огорченоста кон луѓето кои ви направиле зло. Само признајте дека навистина сте се зафркнале кога сте им верувале. И сфатете: тие засекогаш си заминале од вашиот живот. 

Бик

Олабавете со цинизмот. Дозволете си себеси повторно да верувате во љубов. Почнете повторно да верувате во среќа. 

Близнаци

Морате да се ослободите од чувството на вина. Нема потреба да се обвинувате себеси за грешките кои се случиле пред неколку години. Тие грешки повеќе никој не ги помни и не можат да се поправат.

Рак

Ослободете се од желбата да ги задоволите сите. Признајте дека се одговорни само за својата среќа, но не и за среќата на другите. 

Лав

Би требало да се откажете од социјални мрежи. Оставете го телефонот на страна, престанете да се споредувате со другите. Тоа не е вистинска слика на реалноста. 

Девица

Треба да се откажете од желбата секогаш да бидете во право. Прифатете го фактот дека можеби и не знаете баш сè. 

Вага

Ослободете се од сомнежите во себе. Престанете да се воздржувате затоа што се однесувате како ваш најстрог и често неправеден критичар. 

Скорпија

Олабавете со замерките. Добро е да го оставите вашето минато во минатото, каде што и припаѓа.

Стрелец

Ослободете се од вашите стравови. Би требало да гледате надвор од вашата зона на удобност и да почнете малку да ризикувате. Баш онака како што одговара на вашата личност.

Јарец

Морате да ги исполните своите очекувања. Престанете да верувате дека дефинитивно мора да се случи нешто големо за да бидете среќни. Не заборавајте: животот е краток. 

Водолија

Ослободете се од отровни пријатели. И без оглед на тоа колку трае тоа т.н. пријателство, ако ви наштетува, треба да престанете да се дружите со такви луѓе.

Риби

Престанете да се плашите од иднината. Сосредоточете се само на она што моментално се наоѓа во вашиот живот, наместо да погодувате што ќе следи.