Од што е направен лебот - дали сите производители ги почитуваат правилата и точно го пишуваат составот на амбалажата?

На пазарот постојано се нудат нови видови леб.

Но, дали кога ќе купиме црн, интегрален или ’ржан леб тој е навистина таков, направен од соодветно брашно, или пак е леб со боја? Дали сите производители ги почитуваат правилата и точно го пишуваат составот на амбалажата? Се поставува прашањето, дали и ние ги читаме декларациите, или се оставаме сосема да им веруваме на продавачите.

Шпекулациите велат дека има производители што додаваат органски бои за лебот да е попримамлив за потрошувачите. 

Ова се неколку начини како да утврдте дали лебот што го купувате ја има вистинската содржина:

1.Особини на вистински црн леб:

-тврд, збиен и има блага влажност

-има благ мирис на трици

-средината има погруби пори

-никако неможе да биде еласичен и мек

2. Леб од трици

-треба да има најмалку 7% трици во него

-се прпепорачува на луѓе кои имаат проблем со варење на храна

-полн е со диетски влакна и ја поттикнува работата на цревата

-добар е за трудници, бидејќи содржи третина од потребите за фолна киселина

3.Бел леб

-овој леб има најмала прехранбена вредност и често содржи скриени количини шеќер и сол 

-откако ќе изедеме едно прче бел леб, шеќерот во крвта нагло расте па паѓа и чувството на ситос трае кратко

4.Интегрален леб

-интегралниот леб е бел леб кој е помешан со брашно од други житарици

-има малку повеќе влакна, витамин и минерали од белиот леб

-не е здрав како црниот леб

5.Ржан леб

-има повеќе од 20% пченично брашно и тоа мора да стои на декларацијата

-мешаниот ржан леб треба да има 30% ржано брашно

-содржи многу витамини, минерали и богат е со влакна, лесно се вари

-создава долготрајно чувство на ситост

-добар е за диета

6.Леб со овесни снегулки

-содржи најмалку 15% овесни снегулки

7.Млечен леб

-најмалку 50% од водата да биде заменета со млеко

8.Леб со суво грозје

-најмалку 10% суво грозје

9.Леб со пордолжена свежина

-треба да трае најмалку пет дена

10. Леб со пченични никулци

-да содржи најмалку 10% пченични никулци