Од Шабан до Анастејжа: За сечиј вкус по нешто

Наредниот месец, во градот наш убав ќе има концерти за сечиј вкус.  Од турбофолк, класика, техно, рап...Ова се закажаните концертите кои ќе се одржат во Скопје:

Амар Гиле и Шабан Шаулиќ

На 11. Мај 2018 во Вип Арената Борис Трајковски ќе биде приредена неповторлива забава. Концертот на Амар Гиле и Шабан Шаулиќ!

Победникот на Ѕвездите на Гранд, поп-фолк пејачот, човекот што знае да свири дури 9 инструменти, пејачот кој полни концертни сали ширум Европа, Америка и Австралија – АМАР ГИЛЕ и познатиот фолк пејач, легендата на турбофолкот - ШАБАН ШАУЛИЌ, ќе оддржат целовечерен незаборавен концерт.

На овој концерт ќе имате неповторлива можност да уживате во хитовите како: „Жал“, „Доџи да остаримо заједно“, „Снег је опет Снежана“, „Све ти опраштам мајко“, „Краљице мога срца“ и неброено многу други, поради кои што и денес, Шаулиќ важи за крал на народната музика, и не само во Србија туку на просторот на цела поранешна Југославија. Како и огромните хитови на Амар Гиле: “Прекасно”, “Апокалипса”, “Пијано”, “Имам само једну жељу”, и многу други. 

Билетите се веќе пуштени во продажба и може да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, во Пола Југотон и цвеќара “Розе” – Веро2.

Дуке Бојаџиев

По пауза од две години, македонскиот композитор со њујоршка адреса Дуке Бојаџиев повторно ќе настапи пред домашната публика, најавувајќи два едноподруго концерти на 11 и 12 мај во Македонската филхармонија. Тие ќе бидат реализирани во соработка со Министерството за култура и „3Гонга”.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 16 април на билетарницата во Македонската филхармонија и преку мрежата на мктикетс.

THCF - Тхц Ла Фамилија

Во петок 11 мај во малата сала од ВИП арената Борис Трајковски ќе бидеме дел од концертното шоу на „најјаката“ екипа од жешкиот белградски асфалт...THCF - Тхц Ла Фамилија

Анастејжа

Американската поп пејачка Анастејжа на 15 мај ќе одржи концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Скопскиот концерт, кој е во организација на „Прагма мјузик ентертејнмент“, е дел од нејзината светска турнеја „Еволуција“, насловена по албумот што го објави лани.

Четириесет и деветгодишната пејачка, продуцентка и поранешна танчарка се здоби со светска слава со песната „Завршив со љубовта“, за која ја доби наградата за најпродаван нов женски артист во светот во 2001 година. Следеа хитовите „Ги отплатив долговите“, „Еден ден во твојот живот“ и „Бум“, официјалната химна на Светското фудбалско првенство во 2002 година.

По паузата поради лекувањето од ракот на дојка, Анастејжа се врати во 2004 година со албум кој стана втор најпродаван во Европа. Во 2013 година, по вторпат ѝ беше дијагностициран рак, по што во октомври објави дека направила двојна мастектомија.

До 2016 година, Анастејжа имаше продадено над 52 милиони копии од албумите низ светот.

Балашевиќ

На 19ти мај, во 20 часот, ВИП Арената „Борис Трајковски“ како и секогаш ќе биде преполна со фановите на Џоле којшто тој ги нарекува „бистроооки“, не само од Македонија, туку и од цела поранешна Југославија, бидејќи има многу луѓе коишто го гледаат на сите негови концерти.

АКУА НАРУ

ТАКСИРАТ Фестивал годинава го одбележува своето јубилејно 20-то издание, а прославата за 20 години алтернатива во Македонија стигнува и во рамки на претстојното издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „ПРВО ПА ЖЕНСКО“, кој ќе се одржува во МКЦ од 3-ти до 6-ти мај.

Akua Naru зад себе има три албуми, „The Journey Aflame“, „Live and Aflame Sessions“, „The Miner’s Canary“, како и ширум светот познатите хитови „Poetry: How Does It Feel?“ и „The world is listening“. Со објавувањето на деби-албумот „…The Journey Aflame“, Naru се позиционираше на музичката сцена како пример на тоа што жените можат да бидат во хип-хоп музиката.

TIMO MAAS

SUN Production со особено задоволство го најавува гостувањето на германскиот дј и продуцент, техно легендата TIMO MAAS

Петок 11 мај 2018

Спортски центар Борис Трајковски (мала сала)

Старт: 23:45