Од сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Велес

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес.

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес.

„Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата“, посочија од МВР.

Оттаму апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.