Од рано утрово екипите во Бутел се на терен, се расчистува снегот

Екипите за зимско оддржување заедно со општинскиот кризен штаб при општина Бутел од рано утрово се на терен.

- Навремено се исчистени сите критични места во општина Бутел како и главните улици, сите споредни улици во сите населни места со цел непречено одвивање на сообраќајот. Тимови од Општина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, банките, аптеките, автобуските постојки и тротоарите, информираше градоначалникот Дарко Костовски. 

Општина Бутел ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање, додава тој.