Од први септември наставата ќе се одржува во училиштата

Веќе е изготвен нов предлог план за тоа како ќе се одвива учебната 2020-2021 година. Планот за почетокот на учебната година од сепптември ќе се знае во следните денови, најави министерот за образование Арбер Адеми.

 Адеми посочи дека протоколите се веќе разгледани и одобрени, а позитивен став за враќање на децата во училиште имаат сите релевантни институции.

 Со тоа се поизвесно враќањето на учениците во школските клупи.

Истражувањето спроведено од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Владата на Обединетото Кралство и во соработка со истражувачкиот тим на Реактор-истражување покажува дека речиси половина од 10 илјади анкетирани родителите, директорите и наставниците, се за враќање на децата во училиште.

На неопходноста од отворањето на училиштата посочи и претставничката на УНИЦЕФ, која предупреди на сериозните негативни последици доколку децата останат надвор од училиштата. 

Наведе дека наставниците не успевале да стапат во контакт со учениците, но и работните обврски ги спречувале родителите да поддржат своите деца за време на учењето на далечина. 

Народниот правобранител пак потенцираше дека најпогодени биле учениците во руралните средини, од социјално загрозените семејства, како и учениците со попреченост.