Од понеделник зимско сметање на работното време на јавните паркинзи

Јавното претпријатие Градски Паркинг-Скопје соопшти дека од понеделник започнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието.

Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок од 7 до 21 часот, а сабота од 7 до 14 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време останува исто, односно од понеделник до сабота, од 7 до 23 часот.