Од понеделник се очекува да се намали цената на горивата во Македонија

По неколку циклуси поскапувања идната недела најверојатно ќе регулаторот ќе одреди пониски цени на горивата од актуелните. 

Движењето на цената на суровата нафта на светските берзи покажува дека во последните 2 недели барел нафта чинеше меѓу 71 и 73 долари за барел што е пониско од цената од пред две недели која регулаторот пресмета дека во просек била над 75,8 долари.

Во вакви услови извесно е дека од вторник на полноќ ќе добиеме нови намлени цени.

Во моментов дизелот е 64 денари, а ЕУРОСУПЕР 72 односно 74 денари за литар за 98 октанскиот бензин.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.