Од понеделник нови поскапи цени на горивата

Цените на нафтата паднаа поради извештајот дека водечката членка на Организацијата на земјите извознички за нафта (ОПЕК) во август ќе забележи нов раст на производството.

Американската „лесна” нафта WTI за испорака во септември падна за 2 цента на 46,77 долари, а северноморската нафта „брент” ослабе на 16 центи на 46,69 долари, известуваат медиумите,додавајќи дека цените од двата типа на овој енергент во средата се затворени на повисоко ниво.

Но ова не менува многу кога станува збор за цените во малопродажбата во Македонија.

Регулаторната комисија за енергетика ја одреди малопродажната цена на нафтените деривати, земајќи ја просечната цена од минатите две недели која на светските берзи изнесувала 41,9 долари за барел.
Споредбата вели дека денешната цена е за скоро 4 долари по барел повисока што сигурно ќе резултира со значително поскапување на горивата.

Новата корекција на цените е закажана за 22 август за кога е извесно дека ќе имаме поскапување на енергенсите во Македонија