
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески најави дека од понеделник ќе стартуваат со голем капитален проект.
Во објавата на Фејсбук, Митески најави целосна реконструкција на улицата „Лисец“ во Горно Лисиче (крак лево и крак десно).
„Со нова водоводна мрежа и нов асфалт, инвестиција што носи подобра инфраструктура, поголема безбедност и поквалитетен живот за жителите! Жителите во Горно Лисиче добиваат улица каква што заслужуваат!“, истакна градоначалникот.