Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Според последната одлука на РКЕ цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 2 денари.

Цените на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за 0,50 ден/лит.