Од полноќ горивата во Македонија добија нова, повисока цена

Дизелот поскапе за 1 денар, 98 октанскиот супер за половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС98  се продава за половина денар поскапо и чини 67,5 денари.

Цената на ЕРУОСУПЕР БС 95 не се менува и тој и натаму се продава за 65,5 денари за еден литар.

За 1 денар од полноќ поскап е и дизелот. Неговата нова цена изнесува 58 денари за литар.

За зголемуваат и цените на мазутот и екстра лесното масло за домаќинство.

Ваквата корекција регулаторот ја правда со 2,2% повисока цена на нафтата и за 0,04% понизок курс на денарот во однос на доларот.