Во првите два месеци годинава низ двата македонски аеродрома поминале вкупно 286.129 патници.
Тоа е раст од 20 насто споредено со првите два месеци од 2017 година кога на Меѓународниот аеродром Скопје и на аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид поминале вкупно 238.180 патници, покажува статистиката на ТАВ.
Само во февруари, бројот на патници на аеродродромте бележи раст од 22% или за еден месец вкупно се регистрирани 134.749 патници.
Во јануари и февруари вкупно на двата македонски аеродроми се регистрирани вкупно 2.588 прелети што е зголемување за 18% споредено со првите два месеци лани. Само во февруари се регистрирани 1.195 прелети и споредено со февруари минатата година.