Од петок повторно снег и дожд

Времето утре ќе биде сончево со слаб јужен ветер.

Во среда времето ќе биде исто така претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер, додека во четврток сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во петок времето ќе биде претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.