Од петок градот ќе прска против возрасни форми на комарци

Градот Скопје известува дека петтата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе почне во петок.

 Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се изврши во петок (14.09.2018 година) и сабота (15.09.2018 година), во раните утрински часови, додека терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе почне на 16.09.2018 година (недела)  и ќе заврши најдоцна до 20.09.2018 година (четврток), и истото ќе се реализира во период од 23 до 04 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција, додаваат од градот.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.