Од перспективата на една жена: На разведените жени не им е потребно сожалување

Бројот на разведени жени секоја година се зголемува, а според некои статистики, речиси секоја трета жена помеѓу 30 и 40 години е разведена. Некои од нив повторно се мажат и се трудат да најдат нова среќа. Секоја личност заслужува втора шанса за среќа, затоа што секој од нас може да донесе погрешна одлука. Верувам дека повеќето жени вложуваат многу труд во врската за да успее, понекогаш и повеќе отколку што би требало. После разводот, на некои од овие жени ќе им се посреќи и ќе најдат подобар сопруг. 

Многу жени после разводот не се обидуваат да најдат нов маж. Тие се посветуваат на себеси и своите деца и сметаат дека таквиот живот им е сосема доволен. Многу често луѓето ги сожалуваат разведените жени, но нив не им е потребно сожалување, на нив им е потребна поддршка и разбирање. 

Секоја разведена жена има причина поради која се развела. Некои од нив биле напуштени од сопругот, некои имале лош брак од кој тие си заминале, а некои се одлучиле на тој чекор за да се заштитат себеси и своите деца. Разведените жени се како и сите други жени.

Тие не се помалку вредни од другите и не треба да ги сожалувате. Овие жени треба да ги почитувате и да им се воодушевувате, затоа што голем дел од нив прават работи кои ни самите не мислеле дека можат да ги направат.