Од ова место во Скопје селаните често ископувале пари

Ова скопско село е дел од Општина Петровец, во околината на градот Скопје.

Катланово се наоѓа во југоисточниот дел на Скопската котлина на десниот брег на реката Пчиња пред нејзиниот влез во Прнарската Клисура. Селото Катланово е сместено во средишниот дел на Општин Петровец, низ него минува автопатот „Александар Македонски“ (Е-75), односно делницата Скопје - Велес и во неговата непосредна близина се наоѓаат термалните минерални извори на вода на кои е изградена познатата Катлановска Бања.

Катланово е рамничарско село, расположено на надморска височина од 240 метри и од градот Скопје е оддалечено 27 километри]. Куќите се распоредени од подножјето на ридот Падарница на северозапад во рамничарскиот предел крај десниот брег на реката Пчиња. Поради својата средишна местоположба во однос на повеќе други села во ридско-планинскиот предел во блиската околина селото Катланово е рурален центар во рамките на Општина Петровец за селата Летевци, Брезница, Градманци, Блаце, Бадар и Кожл. Поради ваквата географска местоположба од селото Катланово водат и три локални патни правци: кон селата Блаце, Бадар и Кожле, кон селата Летевци и Брезница и кон селото Градманци кој како земјен пат продолжува кон селата Џидимирци и Крушје во Општина Велес. Атарот на Катланово зафаќа површина од 15,6 км², од кои 538 хектари се обработливо земјиште, пасиштата зафаќаат 621 хектар, а под шуми се 165 хектари.

Во Катланово постои преданието дека на местото на денешното село во римско време постоело градче со име Катраново, кое во некои случување било сосема уништено.

Од ова некогашно населено место селаните често ископувале тули и стари пари. Подоцна на местото на уништеното градче Катраново се основало село Катланово, со многу куќи и населено само со Македонци - христијани, каде што секоја година стасувале по 40 девојки за мажење. За време на отоманското ропство ова село повторно се запустело најповеќе заради чума, па голем дел од населението се иселило во Скопје и други места, а дел од населението изумрело. По ова страдање селото Катланово започнало повторно да се обновува и зголемува благодарение на доселувања и делумно на размножување, па така до 1900 година селото имало околу 20 куќи: 10 куќи Македонци и 10 куќи „маџири“ (Турци и Цигани) бегалци од Србија и Бугарија кои се населиле во 1878 година. Во XIX век Катланово било чифчиско село на кое имале чифлици повеќе муслимани од Скопје, кои во 1912 година земјата ја распродале на селаните Македонци од околните ридско-планински села.

За потеклото на името на селото, селаните сметаат дека потекнува од името на некогашното место Катраново, додека П. Скок претпоставува дека селото го добило името од зборот каплан, што на турски значи тигар, а кое веројатно било прекар на некој турчин кој во Каталново имал чифлик.

Имајќи предвид дека Катланово е важен сообраќаен центар, а поради бањските извори имало големо присуство на луѓе уште во римско време, како и непосредната близина на античките градови Тауресиум и Бадеријана, и остатоците од тврдина во месноста Кале или Пржал источно од селото, можно е во римско време името на ова место да било „кастела ново(а)“ (латински: castela novo/a), со значење на нова тврдина или ново место, па со текот на времето името да дошло во денешната форма Катланово. Не треба да се превиди и веројатноста дека името на селото е поврзано со зборот кладенец во кој се содржи коренот лее (други примери се зборовите славина и ливада), кој се однесува на термалните изводи по кои е позната оваа месност.