Од октомври во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ - Кисела Вода ќе се изучува италијански јазик

ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ - Општина Кисела Вода во соработка со Институтот „Данте Алигиери“ ќе реализира проект за изучување на италијански јазик.

Од први октомври учениците од петто одделение во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ ќе имаат можност како изборен предмет да учат италијански јазик.

За успешна реализација на проектот за изучување на италијанскиот јазик директорот на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, Сашо Јованоски одржа работна средба со претседателот на Институтот „Данте Алигиери“, Ладислав Цветковски. На оваа средба беше потврдена соработката и начинот на кој би се реализирал проектот.

Имено, проектот за изучување на италијански јазик е целосно поддржан и финансиран од Министерството за надворешни работи на Италија во соработка со Италијанската Амбасада и Институтот „Данте Алигиери“. Целта на овој проект е промоција на италијанскиот јазик и култура во основните училишта во Република Македонија.