Од недела до четврток ќе се прска против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 11 до 15 јуни (од недела до четврток) во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе се реализира втората фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини, информираат од градот.

Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.