Од наредната година уште две задолжителни вакцини

Имено, во овогодинешниот тендер за набавка на вакцини планирана е набавка на уште две вакцини, за рота вируси и стрептокока, кои пак како задолжителни ќе влезат во календарот за вакцинација од 2019 година.

Со цел подигнување на јавната свест за корисноста и потребата од вакцинацијата  како најдобар начин за спречување на епидемии од заразни болести, министерството за здравство спроведува теренски акциии, при кои превентивни тимови ги проверуваат картоните за имунизација на децата во секоја подрачна единица детектирајќи невакцинирани деца кои треба да бидат имунизирани.