Од наглите промени на времето најмногу страдаат луѓето кои ги прележале овие болести

Апсолутно сите луѓе се зависни од временските прилики. Разликата е само во степенот на влијание на надворешната средина врз секој поединечен организам.

Реакција на температурите, влажноста, атмосферскиот притисок, јачината на ветрот, степенот на сончева активности и геомагнетните промени е сосема нормална.

Времето постојано влијае на човековото здравје, и за жал со текот на годините оваа реакција може да прими патолошки облици.

Не треба да паничите кога се очекуваат нагли промени на времето, многу е подобро да се подготвите за нив.

„Временската“ чувствителност на организмот е одговор на временските прилики и кај секого е различна.

Човековата чувствителност е природна реакција на телото. Тоа е генетски програмирана особина која помага во превенција на разни опасности. Се разбира, тоа е најизразено кај животните кои се најчувствителни на претстојни метео промени.

Човековото тело, исто така, се обидува бргу да реагира. Кога температурите паѓаат почнува процесот на чување на топлината на телото, а порастот на атмосферскито притисок резултира со благ пораст на крвниот притисок како последица на што се јавува главоболка.

Метеопатијата е почеста кај жените, пред се поради хормоните. Најмногу страдаат оние кои имаат хронични проблеми со крвниот притисок, како и лица со кардиоваксуларни болести.

По правило, метеопатијата се јавува по повреда или различни респираторни болеси, како што се грип, воспаление на белите дробови, па дури и по ковид...

Голем број луѓе се под стрес поради потенцијалната опасност од временски непогоди, а во таа категорија под најголем емотивен ризик се повозрасните и лицата во средно доба.