Од „На точак“ ги кренаа велосипедите со цел безбедни скопски улици

Вчера низ Скопје се одржа „Критична маса број 89“  на иницијатива на „На точак“.

Ентузијастите прашаа „Колку жртви се доволно?“ за надлежните еднаш за секогаш да стават крај на дивеењето по улиците. Оттаму потсетија дека „Скопје живее во епидемија на сообраќајно насилство“ и дека е потребна „вистинска политичка визија за промена, а не нови жртви“.

-Заедно сме повидливи, гласот подалеку ни стига. Бараме безбедни улици. Бараме град во кој секој ќе може да се движи без да се плаши за својот живот - е мотото на оваа Критична маса.