Од мирна оаза до градежна офанзива: Нови згради во Аеродром

Жителите на Аеродром често остануваат без вода, струја поради оштетување цевка или, пак, без интернет-врска, затоа што од невнимание бил пресечен кабел при работа на некој од градежните објекти.

Аеродромци не среќни од Деталниот урбанистички план, особено од новиот објектот кој веќе се гради и уништи парк со детски реквизити. 

Жителите се жалат и велат дека веќе не можат да се справат со хаосот предизвикан од градежната офанзива.

-Некогаш Аеродром беше мирна оаза и убаво се живееше, но сега веќе нема мир и градежниците ни го загорчуваат животот, вели Златко.

Дел од тамошните жители ќе бара помош од општината, од каде што, пак, тврдат граѓаните, можат да ги тужат оние што нема да ги отстранат направените штети.

-Не можеме нормално да функционираме во населбата како да станало практика со копање постојано да се оштетуваат инсталации, вели Васка.

Аеродромци сметаат дека само надлежните можат да стават ред во хаосот, бидејќи мислат дека градежните фирми немаат на користење или, пак, не сакаат да користат подземен катастар и работат на слепо.