Од маски за нуркање се прават респиратори кои спасуваат човечки животи

Во овие тешки времиња луѓето се снаоѓаат како можат и умеат, па така евтините маски за нуркање ги претвораат во импровизирани респиратори, додавајќи им филтри, за да спасат што е можно повеќе човечки животи.

Такви примери има повеќе, во Чешка, Италија и во Белгија. Маските ги набавуваат од продавници за спортска опрема, а потоа ги дополнуваат со филтри и ги дистрибуираат низ болници и на други места.

„Досега направивме 2.200 парчиња и оваа недела планираме да направиме уште 10.000“, велат чешките истражувачи.

Вработени на Одделението за инфективно одделение велат дека маските се лесни за одржување, лесно се дише, можат да ги стерилизираат и да ги користат повеќе пати, а филтерот трае долго.

Тестирањата покажаа дека новиот пронајдок ја надмина заштитата од респиратори со најквалитетни филтри.

Слични маски направија и во Италија и во Белгија и се користат во болниците. На интернет исто така се појавија видеа со упатства по кои може да се направи адаптација на маските за нуркање.И нашата музичка ѕвезда Тамара Тодевска пред неколку дена на социјалните мрежи постави фотографија од вакви маски со апел секој кој што има во својот дом да помогне и да ги упати на вистинско место.