Од кога можеме да очекуваме постабилно време?

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови (над 30 л/м2). Поради затоплување на висина, на планините врнежите повторно ќе преминуваат во дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Утре ќе се задржи претежно облачно време, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневните температури, а во некои делови од земјата од понеделник ќе има и сонце и повисоки дневни температури.